Туркије и Ерменија се посветени кон нормализација на односите без предуслови, рекоа турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и ерменскиот премиер, Никол Пашинјан, во телефонскиот разговор реализиран вчера.
„Двајцата лидери ја истакнаа политичката волја за потполна нормализација на односите меѓу Туркије и Ерменија без какви било предуслови“, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије.
Ердоган и Пашинјан ја нагласија важноста за продолжување на разговорите на специјалните претставници од двете страни и ги потврдија точките што досега ги усогласиле двете страни.
Пашинјан му упатил честитки на Ердоган по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам, а турскиот лидер му упатил најискрени желби на ерменскиот премиер по повод претстојниот празник Преображение Христово.
Ердоган му изразил и сочувство на Пашинјан поради неодадмнешните поплави во северна Ерменија.
„Лидерите го поздравија тековниот дијалог меѓу високите претстсавници на Туркије и Ерменија и разговараа за неодамнешните случувања во регионот и меѓународната сцена“, се наведува во соопштението.