Туркије и Грција се согласија да активираат повеќе канали за комуникација / Photo: AA

Одделот за комуникации при турското Претседателство соопшти дека Туркије и Грција се договориле да активираат повеќе канали за комуникација меѓу нив.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се сретнаа на маргините на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија.

„Средбата помина во добра атмосфера“, се вели во соопштението на Одделот за комуникации на Твитер.

„Претседателот Ердоган и господин Мицотакис се согласија дека е во корист на двете земји што позитивната клима формирана во билатералните односи во последните месеци има континуитет и конзистентност“, се нагласува во соопштението.

Страните постигнаа договор да се надоврзат на овој позитивен моментум и да започнат комуникациски канали меѓу двете земји во наредниот период.

Ердоган и Мицотакис се договорија оваа есен во Солун, Грција, да се одржи состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Туркије и Грција.

„Покрај тоа, тие ги задолжија двајцата министри за надворешни работи да го водат процесот и да известуваат за напредокот“, се додава во соопштението.

Двајцата лидери ја истакнаа својата желба за почеста комуникација на сите нивоа, со цел градење клима на доверба и создавање на неопходните околности за подобрување на односите меѓу Туркије и Грција.

TRT Balkan / агенции
Популарни