Туркије и Ирак денеска потпишаа меморандум за разбирање за соработка во областа на безбедноста, војската и антитероризмот.
Ова го изјави турскиот министер за надворешни Хакан Фидан на прес конференција по потпишувањето на Меморандумот со неговиот ирачки колега Фуад Хусеин во Анкара.
Хусеин рече дека Меморандумот е прв од ваков вид во историјата на двете земји. Тој рече дека терористичката група ПКК е сега забранета организација во Ирак.
„Тероризмот го загрозува ирачкото општество“, додаде Хусеин.
Туркије и Ирак ќе формираат заеднички центар за координација на безбедноста во Багдад и заеднички центар за обука и соработка во Башика за борба против тероризмот.
Фидан рече дека Багдад и Анкара се целосно согласни за прашањето на Газа.
„Историскиот“ договор ќе придонесе нашата соработка во борбата против тероризмот да биде на повисоко ниво“, објави Фидан на социјалната мрежа Х.
Прес-конференцијата дојде по четвртиот состанок на Турско-ирачкиот безбедносен механизам на високо ниво.
Состанокот имаше за цел со дополнителна правна рамка да ја зајакне соработката за безбедносните прашања.