До октомври 2023 година беа спроведени 344 заеднички активности на копнена патрола кои беа стопирани поради безбедносната ситуација во регионот / Photo: AA

Туркије и Русија ги продолжија нивните заеднички копнени патроли, кои беа прекинати минатиот октомври од безбедносни причини, соопшти во петокот турското Министерство за национална одбрана.

„До 5 октомври 2023 година беа спроведени 344 заеднички активности на копнена патрола. Сепак, патролните активности беа стопирани поради безбедносната ситуација во регионот.

„Заедничката копнена патролна активност спроведена од Туркије и Руската Федерација е обновена на 22 август 2024 година, со 4 возила и 24 лица кои патролираа во источниот дел од зоната на операцијата Извор на мирот“, се вели во соопштението на Министерството.

Заедничката копнена патрола, според соопштението, се спроведува на западниот и источниот дел на Оперативната област „Извор на мир“ во согласност со договорот од Сочи потпишан меѓу Анкара и Москва на 22 октомври 2019 година.

Првата ваква заедничка копнена патролна активност беше спроведена на 1 ноември 2019 година.

„Целта на продолжувањето на активностите на заедничката копнена патрола е да се обезбеди безбедност на границите на нашата земја и цивилното население во регионот, да се воспостави стабилност во северна Сирија, да се идентификуваат контролните точки, штабовите и воените структури кои припаѓаат на терористичкате организација ПКК/ЈПГ-СДФ која мора да го напушти регионот, според договорите што Туркије ги направи со САД и Руската Федерација и да ја покаже турско-руска соработка во борбата против тероризмот“, се вели во соопштението.


AA
Популарни