Туркије и Саудиска Арабија потпишаа низа договори / Photo: AA

Туркије и Саудиска Арабија во понеделник потпишаа низа договори во областа на инвестициите, одбранбената индустрија, енергетиката и комуникациите.

Договорите се потпишани по состаноците на делегациите кои ги предводеа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман во саудискиот град Џеда.

Претседателот Ердоган претходно одржа состанок со саудискиот престолонаследник во кралската палата Ал-Салам. Турскиот претседател Ердоган вчера допатува во Саудиска Арабија во рамките на тридневната турнеја во Заливот со цел зајанкнување на односите.

Саудискиот министер за надворешни работи Фаисал бин Фархан ал-Сауд и другите претставници го дочекаа вчера претседателот Ердоган на аеродромот во Џеда.

Во придружба на претседателот се членовите на неговиот кабинет и други турски функционери.

По Саудиска Арабија, Ердоган ќе го посети Катар и Обединетите Арапски Емирати.

TRT Balkan / агенции
Популарни