Туркије има за цел да го зголеми обемот на трговска размена со Грција / Photo: AA

Туркије има за цел да го зголеми обемот на трговска размена со Грција од 5,5 милијарди долари на 10 милијарди долари, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи пред билатералниот состанок со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу во Атина, Ердоган рече дека двете страни ќе разговараат за чекорите за постигнување на оваа цел за време на неговата еднодневна посета на Грција.

Турскиот претседател, исто така, истакна дека верува оти 5-тиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Туркије и Грција ќе биде клучен за зајакнување на новата ера меѓу соседните земји.

„Министрите од двете страни ќе разговараат за унапредување на односите“, додаде тој.

Ердоган и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ќе копретседаваат со 5-тиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Туркије и Грција на кој ќе се разгледаат сите аспекти на билатералните односи, како и чекорите за унапредување на соработката.

TRT Balkan / агенции
Популарни