Ердоган денеска е во еднодневна официјална посета на Багдад / Photo: AA

Во главниот град на Ирак, Багдад, по средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ирачкиот премиер Мохамед Шија Ал Судани, беше потпишан меморандум за разбирање во врска со соработката на проектот за развојен пат меѓу Ирак, Туркије, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Меморандумот за разбирање потпишан во владината палата во Багдад беше реализиран под покровителство на Ердоган и ирачкиот премиер Ал Судани.

На церемонијата на потпишување присуствуваа и турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, ирачкиот министер за транспорт Разак Мухаибис ал Саадави, министерот за транспорт и врски на Катар Џасим бин Саиф Ал Сулаити и министерот за енергетика и инфраструктура на ОАЕ, Сухаил Мохамед Ал Мазруеи.

Ердоган денеска е во еднодневна официјална посета на Багдад, при што се сретна со претседателот Абдул Латиф Рашид и премиерот Ал Судани.

Во делегацијата предводена од Ердоган се, меѓу другите, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, министерот за трговија Омер Болат, министерот за енергија и природни ресурси Алпарслан Бајрактар ​​и шефот на Дирекцијата за комуникации на претседателот на Туркије Фахретин Алтун. Турскиот претседател ќе го посети и Ербил во рамки на посетата на Ирак.

AA
Популарни