Околу 322 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа во неделата. / Photo: AA

Туркије е на врвот на листата на земји кои обезбедуваат хуманитарна помош за Палестинците во опколениот Појас Газа поради смртоносната израелска офанзива, соопшти израелската Координативна канцеларија за прашања на окупираните палестински територии (КОГАТ).

Податоците објавени од оваа канцеларија покажаа дека Туркије и Обединетите Арапски Емирати обезбедија по 26 отсто од вкупниот износ на помош донирана за Појасот Газа.

Саудиска Арабија и Катар обезбедија 15 отсто, односно 7 отсто од помошта, ставајќи ги на третото и четвртото место на листата.

Податоците од канцеларијата велат дека околу 322 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа во неделата.

Бројот, сепак, е многу помал од бројот на камиони со помош потребни за да се задоволат тешките потреби на Палестинците во опколената енклава.

Владината канцеларија за медиуми со седиште во Газа вели дека на Газа и се потребни 1.000 камиони хуманитарна помош секој ден.

Дополнително, седум од 74 амбулантни возила на кои им беше дозволено да влезат во Појасот Газа беа донирани од Туркије.

Туркије продолжи да испорачува огромна хуманитарна помош во Газа во координација со Египет од почетокот на израелските напади.

Од друга страна, Туркије продолжува да им помага на болните и повредените кои немаат пристап до здравствена заштита по израелските напади на Газа. Во овој контекст, Туркије изврши многу операции за евакуација на болните и повредените кои не можеа да продолжат со лекување во Газа.

Во нападите што ги започна Израел на 7 октомври во Појасот Газа, загинаа најмалку 33.297 Палестинци, а 72.654 беа ранети.

Израел, исто така, воведе блокада на Појасот Газа, оставајќи го населението, особено жителите на северот на Газа, на работ на глад.

Војната во Израел, покажуваат податоците на ОН втурна 85 отсто од населението во Газа во внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

TRT Balkan / агенции
Популарни