Речиси 500 тони помошосум теренски болници, 20 амбулантни возила и медицински потрошен материјал, ќе бидат доставени до Газа преку Египет / Photo: AA

Брод што превезува хуманитарна помош од Туркије за Палестинците во опколениот Појас Газа замина од Измир рано утринава, јавува Анадолу.

Медицински материјали и амбулантни возила беа пренесени на товарниот брод што се закотви на пристаништето Алсанџак во Измир доцна синоќа.

По завршувањето на товарењето, бродот го напушти пристаништето и се упати кон „Ал Ариш“, Египет, во близина на египетскиот граничен премин Рафа во енклавата зафатената со војна.

Речиси 500 тони помош, вклучително лекови, медицински помагала, осум теренски болници, 20 амбулантни возила и медицински потрошен материјал, ќе бидат доставени до Газа преку Египет, како што претходно најави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.

Веќе погодена од 16-годишната израелска блокада, од почетокот на последниов конфликт пред повеќе од еден месец, за Газа се исклучени водата, електричната енергија и дотурот на гориво, поради што многу болници мораше да се затворат.

Поради оваа ситуација испораката на помош од земји како Туркије претставува клучен спас за Појасот Газа, кој е под немилосрдни напади од страна на Израел од 7 октомври, по нападот на Хамас во Израел.

AA
Популарни