Туркије изрази загриженост поради тензиите во Западниот брег / Photo: AA

Властите на Ребублика Туркије изразија длабока загриженост поради се поголемите тензии во Кудс (Ерусалим) и на окупираниот Западен брег, непосредно пред почетокот на месецот на постот Рамазан.

Министерството за надворешни работи на Туркије соопшти дека земјата ги осудува неоснованите, неодговорните и провокативните тврдења на некои израелски политичари за палестинската држава и народот, а кои се некомпатибилни со политичката, историската или сегашната реалност.

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич во говорот во неделата во Париз негираше постоење на палестинскиот народ, изјавувајќи дека Палестинците се „изум“ од минатиот век и дека се луѓе како него и неговите дедовци и баби „вистински Палестинци“.

Анкара го осуди израелското поништување на делот на законот од 2005 година, кој нареди евакуација на жидовските жители од четири илегални населби на окупираниот Западен брег.

TRT Balkan / агенции
Популарни