Туркије изведе операција против терористите на ПКК/ЈПГ на северот на Сирија и Ирак / Photo: AA

Турската авијација изведе воздушна операција против терористичката организација ПКК/ЈПГ на северот на Сирија и на северот на Ирак, соопшти Министерството за национална одбрана на Туркије.

„Воздушната операција „Канџа-меч“ изведена е на северот на Ирак и северот на Сирија кои се користат како бази за напади на терористите врз Туркије“, соопшти министерството.

Во соопштението е истакнато дека операцијата е изведена во согласност со правото на самоодбрана кое произлегува од членот 51 од Повелбата на Обединетите нации (ОН).

„Упориштата на терористите прецизно се уништуваат“, објави турското Министерство за одбрана на Твитер и ги сподели првите фотографии од операцијата.

Министерството на Твитер објави и фотографија од полетување на турскиот борбен авион со порака: Време е за пресметка! Проклетниците ќе одговараат за предавничките напади!“.

Операцијата следуваше по терористичкиот напад минатата недела на улицата Истиклал во Истанбул кога загинаа најмалку шест лица, а 81 лице е повредено.

Турската влада соопшти дека нападот го изведе терористичката организација ПКК/ЈПГ.

ПКК е сепариситчка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Туркије, ЕУ и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

AA
Популарни