Акар нагласи дека Туркије никогаш нема да преземе чекор што ќе ги доведе Сиријците во опасност.      Фото: АА

Туркије е во Сирија само за да се бори против терористите и сака да создаде безбедна средина за сирискиот народ, изјави денес турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар.

„Како и секогаш, го почитуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија“, рече Акар по разговорите во Москва со неговиот руски колега Сергеј Шојгу, иранскиот колега Мухамад Реза Гареи Аштиани и со сирискиот колега Али Махмуд Абас.

На средбата присуствуваа и шефовите на разузнавачките служби на сите четири земји.

„Единствената причина поради која сме во Сирија е да се бориме против терористите, особено против ПКК/ЈПГ/ПЈД и ДЕАШ. Ќе продолжиме со нашите напори за неутрализирање на сите терористи, што е важно не само за нас, туку и за територијалниот интегритет на Сирија“, изјави Акар за новинарите на Меѓународниот аеродром „Внуково“.

„Друга од целите на Анкара е да спречи нов бран бегалци од Сирија“, додаде тој.

„Со нашите напори обезбедуваме што е можно попозитивна и постабилна средина во Сирија. Со подобрување на условите таму, ќе обезбедиме сириските браќа и сестри, чии домаќини сме во нашата земја, да можат доброволно да се вратат во својата татковина на безбеден и почитуван начин“, порача тој.

Акар нагласи дека Туркије никогаш нема да преземе чекор што ќе ги доведе Сиријците во опасност.

„Сите треба да бидат свесни за ова и да постапат соодветно. Имаме многу јасна и конзистентна политика за ова од самиот почеток“, рече Акар и додаде:

„Работиме напорно за да го елиминираме злото на тероризмот што е можно побрзо за да ја заштитиме нашата нација, граници и народ, и да го вратиме мирот, стабилноста и спокојството во регионот.“

AA
Популарни