Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека повеќе од 9.800 повредени во земјотресите, кои на почетокот на февруари ја погодија jужна Туркије, сѐ уште се на болничко лекување.
„Во болниците продолжува лекувањето на 9.881 пациент што беа жртви на земјотресот“, објави Коџа на Твитер, истакнувајќи дека 1.834 пациенти се на одделенијата за интензивна нега.
Коџа додаде дека најголем број луѓе се лекуваат во областите Анкара, Истанбул, Адана, Газиантеп и Анталија.
Околу 50.000 луѓе загинаа во земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари.
TRT Balkan / агенции