Власта на Република Туркије го осуди израелското одобрување за изградба на близу 5.700 нови станбени единици во окупираниот Западен Брег.
„Очигледно е дека, соборувајќи го новиот рекорд од над 13.000 единици од почетокот на годината, нелегалните населби сериозно ја нарушуваат базата за изнаоѓање решение за принципот на две држави и перспективата за траен мир“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Туркије.
Туркије го прозва Израел веднаш да ги прекине „целосно неприфатливите“ активности за населување во окупираните палестински територии, кои „ги узурпираат правата на палестинскиот народ“ и се во спротивност со меѓународното право.
Анкара силно поддржува решение за израелско-палестинскиот спор врз принцип на воспоставување две држави, вклучително и воспоставување палестинска држава со Источен Кудс како главен град.
Процените покажуваат дека околу 700.000 израелски доселеници живеат во 164 населби и 116 пункта во окупираниот Западен Брег.
Според меѓународното право, сите еврејски населби изградени на окупираните територии се сметаат за нелегални.