Списокот на Врховниот изборен совет на Туркије од 36 партии кои ќе учествуваат на претседателските и парламентарните избори закажани за 14 мај 2023 година е објавен во Службен весник.
Меѓу политичките партии кои ќе учествуваат на изборите се Партијата на правдата и развојот (АК Партија), Партијата за национално движење (МХП), Партијата за големо единство (ББП), Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата Саадет (СП), Партијата за демократија и напредок, Партијата на иднината, Партијата ИЈИ (IYI), Татковинска партија, Нова партија на благосостојбата, Демократската партија, Демократската левица, Народна демократска партија (ХДП) и Комунистичката партија на Туркије.
Некои практики и забрани за денот на изборите беа објавени и во неделата во Службен весник.
Продажбата на алкохолни пијалаци ќе биде забранета од 6 часот по локално време (03:00 GMT) до 00:00 часот по локално време (21:00 GMT) на денот на изборите.
Никој нема да смее да носи оружје освен оние кои се одговорни за одржување на безбедноста и редот.
На медиумите им е забрането да даваат предвидувања и коментари за изборите и изборните резултати до 18 часот по локално време (15:00 GMT).
Медиумите ќе можат да објавуваат вести и соопштенија што ќе ги објави изборниот совет, помеѓу 18 часот по локално време (15:00 GMT) и 21:00 по локално време (18:00 GMT). По 21 часот по локално време (18:00 ГМТ) или порано, радиодифузерите ќе можат слободно да известуваат за изборните резултати.
Истите одредби ќе се применуваат и на 28 мај, кој е одреден како датум за можен втор круг од претседателските избори.
Гласањето е предвидено да започне во 8 часот по локално време (05:00 GMT) и да заврши до 17 часот по локално време (14:00 GMT).