„Списанието Економист го рециклира својот интелектуално мррзлив, досаден и намерно игнорантен приказ на Туркије. Се чини дека се чувствуваат должни да го најават крајот на турската демократија преку клишеа, дезинформации и очигледна пропаганда“, рече Алтун и додаде:
„Срамотните наслови и провокативните фотографии би можеле да им помогнат да го продадат своето таканаречено списание, па им честитаме на нивните генијални маркетиншки техники! Но мораме да ја потсетиме публиката дека ова сензационалистичко новинарство е засновано на ефтина пропаганда и дезинформации“, рече Алтун.
Тој нагласи дека турскиот народ секогаш одново ја покажувал својата посветеност кон демократијата, еднаквоста и слободата.
„Нашиот политички систем поминал низ многу неволји, вклучувајќи го предавничкиот обид за државен удар во 2016 година, кога нашиот народ ја пролеа својата крв за да ја спаси нашата демократија“, нагласи Алтун и потсети:
„Кога нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика нашите граѓани да им се спротивстават на пучистите, нивниот одговор беше лекција за векови. Таканаречените новинари и уредници во Економист очигледно никогаш не се потрудиле да овозможат пристоен новинарски извештај за борбата на нашиот народ за нашата демократија.“
„Тоа е воглавно поради нивната необјаснива и постојана омраза кон нашиот демократски избран претседател, кој победуваше на сите избори на кои учествуваше. Ако не можете да се потрудите да истражите како и зошто турската јавност му верува на Ердоган, зошто некој би ве сфатил сериозно?!", запраша Алтун.
Исто така, тој потсети дека во Туркије оваа година ќе бидат одржани избори.
„Нашата држава е на пат кон уште една изборна трка во која се води жестока расправа за тоа како да се решат нашите предизвици. Се води вистинска демократска политика и опозицијата со месеци се обидува да ја смисли својата стратегија“, истакна Алтун и порача:
„Виталноста на турската демократија и сопственоста на нашите луѓе над политичкиот систем се многу силни. Уверен сум дека списанието Економист никогаш нема да се потруди да известува за тоа што всушност се случува во Туркије. Само сакам да ги предупредам читателите на очајната состојба на списанието!"
19 јан 2023
Туркије остро ја критикуваше „ефтината пропаганда“ на „Економист“
Фахретин Алтун, шефот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Туркије на социјалните мрежи остро го критикуваше пишувањето и односот на британското списание „Економист“ (The Economist) против Туркије.
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Што друго би сакале да знаете?
Популарни