Министерството ја потврди посветеноста на официјална Анкара да ги брани палестинските права и да се залага за мир и правда / Photo: AA

Туркије вчера ја осуди валканата пропаганда на израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Израелскиот министер за надворешни работи се обидува да го прикрие злосторството на Израел врз Палестинците со серија лаги, клевети и непочитување“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

„Израелската валкана пропаганда насочена против Туркије и претседателот Ердоган, како и обидите за психолошки процедури сигурно нема да дадат резултати“, велат од турското Министерство.

Во соопштението се наведува дека на членовите на Владата на Бенјамин Нетанјаху, одговорни за смртта на речиси 40.000 Палестинци во Газа, ќе им се суди пред меѓународните судови и ќе треба да одговараат за злосторствата.

Министерството ја потврди посветеноста на официјална Анкара да ги брани палестинските права и да се залага за мир и правда. Кац на социјалните мрежи стави клеветничка и навредлива објава насочена против турскиот претседател Ердоган.

AA
Популарни