Отворен Почесен конзулат на Северна Македонија во Едрене / Photo: AA

Со свечена церемонија е отворен Почесниот конзулат на Северна Македонија во турскиот град Едрене, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.На свеченото отворање на Конзулатот, Османи рече дека пријателството меѓу Северна Македонија и Туркије е многу длабоко и значајно и дека ова пријателство се рефлектира во дипломатијата на двете земји.

Тој нагласи дека Конзулатот ќе ги подигне односите меѓу двете земји на повисоко ниво и дека Туркије секогаш ја поддржувала Северна Македонија.

„Оваа поддршка беше крунисана и со Договорот за стратешко партнерство потпишан меѓу двете земји во 2008 година. Туркије отсекогаш нѐ поддржуваше и стоеше покрај нас. Со отворањето на Почесниот конзулат, нашите односи дополнително ќе се развијат. Не само што ќе ги продлабочат нашите културолошки односи, туку и дополнително ќе се зајакнат економските и социјалните односи меѓу двете земји. Туркије е меѓу десетте странски земји со најмногу инвестиции во Северна Македонија“, истакна Османи.

Гувернерот на Едрене, Хусеин Куршат Кирбијк, истакна дека Северна Македонија и Туркије имаат длабока заедничка историја и силни културни врски.

Кирбијк рече дека Скопје, Гостивар и Битола се од посебно значење за Туркије.

На церемонијата присуствуваа и се обратија и пратеничката на владејачката АК Партија, Фатма Аксал, претставникот на турското Министерство за надворешни работи, Мурат Ахмет Јорук, градоначалникот на Едрене, Реџеп Ѓуркан, почесниот конзул на Северна Македонија во Едрене, Есер Џевахир, претставници на политички партии и други поканети гости.

TRT Balkan / агенции
Популарни