Туркије се согласи да испраќа природен гас преку гасовод во Романија почнувајќи од 1 октомври до 31 март 2025 година, објави Турската нафтена корпорација (БОТАШ).
Договорот меѓу БОТАШ и романската ОМВ Петром, една од најголемите енергетски компании во регионот, опфаќа извоз на до 4 милиони кубни метри природен гас во Романија дневно.
Двете компании, исто така, се согласија да развијат соработка во областа на преносот, складирањето, производството, технологиите за зелена енергија, како и во трговијата со природен гас, соопшти БОТАШ.
Договорот е последен во низата договори за извоз на гас склучени меѓу Туркије и соседните земји.
БОТАШ во текот на претходните месеци склучи договори за достава на гас за Грција, Бугарија и Унгарија.
Во рок од три години, БОТАШ се надева дека ќе се рангира меѓу 10-те најдобри компании извозници во Туркије.