Финска и Шведска се согласија да соработуваат во борбата на Туркије против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци, соопшти турската Дирекција за комуникации.
Трите страни потпишаа меморандум во вторникот по разговорите меѓу нивните лидери за апликациите на Шведска и Финска за влез во НАТО.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, финскиот претседател Саули Нинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон разговараа за апликациите на нордиските земји во Мадрид.
По разговорите, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, финската министерка за надворешни работи Пека Хависто и шведската министерка за надворешни работи Ане Линде го потпишаа меморандумот.
Според деталите објавени од турскиот Директорат за комуникации, Финска и Шведска се договориле да преземат конкретни чекори за екстрадиција на терористите, спречувајќи ја терористичката пропаганда против Туркије. Тие, исто така, се согласија да не воведуваат ембарго на турската одбранбена индустрија и да ја зголемат соработката.
„Сите страни, исто така, се согласија да формираат Постојан заеднички механизам, кој вклучува правни, разузнавачки, безбедносни службеници, за спроведување на меморандумот“, соопшти Дирекцијата.
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган претходно денеска пристигна во шпанскиот град Мадрид на клучниот самит на земјите од НАТО што се одржува од 28 до 30 јуни.
Безбедносни прашања
Шведска и Финска официјално поднесоа барање за приклучување кон 30-члената НАТО алијанса минатиот месец, поттикнати на ваква одлука поради руската офанзива врз Украина.
Но, Туркије, долгогодишна членка на алијансата, реагираше на кандидатурите за членство на Шведска и Финска, критикувајќи ги земјите дека толерираат, дури и ги поддржуваат терористичките организации.
Официјална Анкара нагласува дека очекува да види акција наместо празни зборови од Шведска и Финска во однос на терористичките организации.
Генералниот секретар на НАТО во претходниот период истакнуваше дека Туркије има „легитимна загриженост поврзана со нејзината борба против терористичката организација ПКК и други организации“.
Терористичката организација ПКК повеќе од 35 години води терористичка кампања против Туркије. ПКК, која е на листата на терористички организации во Туркије, САД, ЕУ и НАТО, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.
28 јун 2022
Туркије потпиша меморандум со Шведска и Финска за кандидатурите за НАТО
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, финскиот претседател Саули Нинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон разговараа за апликациите на нордиските земји во Мадрид.
TRT World
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Пет медицински работници загинаа во израелските напади врз јужен Либан
Министерството за здравство соопшти дека цел на еден од израелските напади бил тим на единицата за цивилна заштита на Исламското здравствено здружение во округот Џезине, при што загинале тројца медицински работници, а тројца се ранети
Што друго би сакале да знаете?
Популарни