Туркије: Приведен е внукот на водачот на терористичката организација ФЕТО / Photo: AA Archive

Во операција на турската полиција во Истанбул четири лица се лишени од слобода, меѓу кои и припадник на ФЕТО, Селман Ѓулен, внук на водачот на терористичката организација ФЕТО.

Како што соопштија безбедносни извори, операцијата била спроведена во координација со Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ), а припадниците на терористичката организација ФЕТО кои се уаспени, биле пронајдени во стан во Истанбул, каде што се криеле околу една година.

Во спроведената рација фатени се Селман Ѓулен, припадник на ФЕТО и внук на Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, неговата сопруга Нур Ѓулен и нејзините родители Бекир и Мина Озтурк.

Приведените претходно беа барани од турското правосудство за управување со здруженија и фондации поврзани со терористичката организација ФЕТО, нејзиното таканаречено раководство, како и за финансирање на ФЕТО со плаќање големи суми преку Банката Асија.

Како што наведува истиот извор, за Селман Ѓулен е утврдено дека бил активен во финансиските структури на терористичката организација и во моментот на неговото приведување.

Во станот во кој се фатени припадниците на ФЕТО, пронајдена е и одредена количина парични средства и дигитални материјали.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, а чија екстрадиција Република Туркије и официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичка организација ФЕТО со години, преку местење на испити, напредувале во службата, инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО вработени во правосудството на Туркије, се обидоа да деградираат голем број високи функционери на Туркије со монтирани судски процеси за наводна корупција.

Неколку години подоцна следеше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч изведен од страна на офицерите што ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа што претставува закана не само за Република Туркије туку и за секоја друга земја каде што оваа организација е активна.

AA
Популарни