Акцијата беше спроведена врз основа на истраги и соработка на полициски структури во 21 голем град во Туркије / Photo: AA

Министерот за внатрешни работи на Туркије Али Јерликаја соопшти дека во акциите „Стега-24“ што турската полиција ги спроведува во 21 провинција во рамки на истрагите за терористичката организација ФЕТО се приведени 55 осомничени.

„Нема да дозволиме терористите на ФЕТО да ги отворат очите. Одлучно ги продолжуваме нашите операции против терористичките организации и нивните соработници. Утврдено е дека осомничените биле активни во таканаречената воено-тајна структура и безбедносната структура во терористичката структура на ФЕТО, дека комуницирале преку телефонски говорници и биле во контакт со одговорни лица во ФЕТО“, објави Јерликаја на социјалните мрежи

Акцијата беше спроведена врз основа на истраги и соработка на полициски структури во 21 голем град во Туркије, и тоа Адана, Анкара, Баликесир, Бурса, Чорум, Едрене, Елазиг, Газиантеп, Испарта, Истанбул, Измир, Карабук, Кутахја, Орду. , Маниса, Мерсин, Ризе, Самсун, Сиирт, Текирдаг и Јалова.

Јерликаја изјави дека во акциите спроведени во изминатите четири дена се уапсени 55 осомничени.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година. Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, и чија екстрадиција Туркие ја има официјално побарано од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во судството на Туркије се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтиран судски процес за наводна корупција.

Неколку години подоцна следеше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар извршен од офицери кои ФЕТО ги инфилтрирала во турската армија.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Турркије, туку и за секоја друга земја каде што е активна. Ова во неколку наврати го истакнуваа турските власти. За време на обидот за државен удар во Туркије, загинаа 253 лица, а повеќе од 2.730 луѓе беа повредени.

TRT Balkan / агенции
Популарни