Се наведува дека континуираните агресивни дејства на Израел на сириска територија ја загрозуваат регионалната стабилност и го кршат меѓународното право / Photo: AA

Терористичката организација ПКК/ЈПГ нема да смее да ја искористи моменталната ситуација во Сирија, заклучи турскиот Национален совет за безбедност, кој исто така најави дека ќе бидат елиминирани сите терористички групи во регионот.

„На терористите на ПКК/КЦК-ПЈД/ЈПГ нема да им биде дозволено на кој било начин да ја искористат актуелната ситуација и потенцијалните случувања во Сирија“, се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство по состанокот на Советот во Анкара.

Во соопштението се вели дека сите терористички организации ќе бидат елиминирани под сите околности.

Исто така, се наведува дека континуираните агресивни дејства на Израел на сириска територија ја загрозуваат регионалната стабилност и го кршат меѓународното право.

„Туркије потврдува дека ќе обезбеди целосна поддршка на новата администрација во Сирија со цел да го обезбеди суверенитетот на таа држава, нејзината унитарна структура, територијалниот интегритет и политичкото единство, како и да ги гарантира основните права и слободи на сите етнички и религиозни групи. Ќе биде обезбедена поддршка за обнова на Сирија и враќање на мирот и просперитетот на сирискиот народ“, соопшти Советот за национална безбедност на Туркије.

Советот повика прекинот на огнот во Газа да биде траен и да послужи како почетна точка за праведно решение на палестинското прашање, нагласувајќи ја важноста од непречено и навремено доставување хуманитарна помош за жителите на Газа.

„Туркије ќе продолжи со напорите за промовирање на глобалниот мир и стабилност, фокусирајќи се на решавање конфликти, особено во Африка, Блискиот Исток и на Балканот, како и спречување на ескалација во насилство и работејќи кон мирно решавање на тековните спорови“, се вели во соопштението.

TRT Balkan / агенции
Популарни