Туркије со повик за поддршка на развојот и напредокот на ранливите земји / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, ја истакна потребата од поддршка на развојот и напредокот на ранливите земји на Петтата конференција на Обединетите нации (ОН) за најмалку развиените земји (LDC5), што започна вчера во Доха, Катар.

„Нашиот собир во Доха се одвива во време кога меѓународниот систем минува низ брзи трансформации. Најмалку развиените земји се најранливи во однос на ваквите случувања“, рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека „колективна одговорност е на меѓународните заедници да го поддржат развојот и напредокот на ранливите нации“, турскиот министер, посочи дека Туркије „како долгогодишен и истакнат партнер на најмалку развиените земји, дава сè од себе и останува посветена“.

Тој ја спомена 4. Конференција на најмалку развиените земји (LDC4), што се одржа во Истанбул во 2011 година, на „која беше претставена 10-годишната Мапа на патот“.

Чавушоглу понатаму ги наведе напорите што ги прави Туркије за ранливите нации и рече: „Ние го одржавме среднорочниот преглед на Истанбулската програма во 2016 година, во мојот роден град Анталија.“

„Туркије [заедно со Белгија] е копретседател на Групата пријатели на најмалку развиените земји во ОН. Технолошката банка на ОН во Туркије е единствената агенција на ОН посветена исклучиво на најмалку развиените земји во светот.“

„Туркије е меѓу првите земји кои пружаат хуманитарна и помош во напредокот на овие земји, и придонесува за напорите во многу полиња, меѓу кои и градењето капацитети“, додаде тој.

Повикувајќи ги сите да не ги забораваат најмалку развиените земји, Чавушоглу порача:

„Ние мора да дејствуваме сега, без дополнително одложување.“

За безбедноста на храната, тој рече: „Срамно е што не сме ни близу до решавање на состојбата со гладта во 21. век.“

„Истанбулската иницијатива за жито [јули 2022 година] што ја склучивме со посредство на ОН, му помогна на секое домаќинство во светот, особено во најмалку развиените земји, со намалувањето на светските цени на храната“, рече турскиот министер.

Потсетувајќи на својата вчерашна средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Чавушоглу истакна дека тие разговарале за Договорот за жито и за тоа што Туркије „работи напорно за негова непречена имплементација и негово продолжување“.

„Второ, не можеме да толерираме два одделни светови, со дигитален и технолошки јаз меѓу нив. Во последната деценија на акција за постигнување одржливо и инклузивно закрепнување, нема време за губење“, рече Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија исто така повика на „раскинување на пакосните циклуси што го отежнуваат развојот“ и нагласи дека „глобалниот економски и финансиски систем мора да се реформира“.

„Мора да најдеме начини за борба против климатските промени, што најмногу влијае на најмалку развиените земји, иако тие не направија ништо за да го предизвикаат тоа“, додаде Чавушоглу.

„Програмата за акција на Доха успева во обврзаноста кон Истанбулската програма и нуди изгледи за флексибилност“, рече Чавушоглуј, повикувајќи ги сите „да ја прифатат програмата и да ги зголемат меѓународните напори“.

Турскиот министер понатаму истакна дека претседателот Реџеп Таип Ердоган „смета дека одржливиот развој на најмалку развиените земји е висок приоритет“.

Тој ги спомена и разорните земјотреси што ги зафатија јужните региони на Туркије на 6 февруари и порача: „Искрената меѓународна солидарност ги топли нашите срца и ни дава сила“.

„Најмалку развиените земји беа меѓу првите што понудија поддршка и солидарност за време на најтешките денови... Вашата солидарност по земјотресот уште еднаш покажа дека сте најразвиени и најдарежливи во срцето“, истакна турскиот министер заблагодарувајќи се за солидарноста и поддршката.

TRT Balkan / агенции
Популарни