Во заедничка операција на Разузнавачката служба на Туркије (МИТ) и турската полиција, уапсени се 32 лица осомничени за подготовка на терористички напади врз цркви, синагоги и ирачката амбасада во Анкара.
Меѓу уапсените има тројца важни членови на терористичката организација ДАЕШ.
Како што потврдија безбедносни извори, МИТ и полицијата го лишиле од слобода и Мијбал ел Сувејхи, со кодно име „Абу Јакин ел Ираки“, наводниот разузнавач на терористичката организација.
Меѓу уапсените е и Мухамед Хилаф Ибрахим, со кодно име „Абу Лејс“, кој планирал напади врз синагоги и цркви и Ијхеб Елани, со кодно име „Абдула ел Џумејли“, терорист на ДАЕШ кој бил задолжен за подготовка на напад врз ирачката амбасада во Анкара..
Сите 32 осомничени се приведени во истовремени координирани акции во девет градови во Туркије.
За време на операциите запленет е дигитален материјал на терористичката организација.