Туркије успешно ја тестираше домашната сондажна ракета

Дирекцијата за одбранбена индустрија при Претседателството на Туркије соопшти дека успешно е тестирана домашната турска сондажна ракета. Станува збор за ракетата која ја разви компанијата РОКЕТСАН, а тестирана е во северозападната турска област Киркларели.

„Нашата ракета-сонда, која е развиена со помош на нашите напредни инженерски технологии како дел од напорите на нашата земја да допре до вселената, успешно е лансирана од Игнеаде“, се наведува во соопштението.

Министерот за индустрија и технологија на Туркије Мехмет Фатих Качир исто така го пофали лансирањето на ракетата и му честиташе на РОКЕТСАН.

„Благодарејќи на нашите ракетни технологии нашата вселенска студија ќе добие голем замав“, рече Халук Горгун, претседателот на турската Дирекција за одбранбена индустрија.

TRT Balkan / агенции
Популарни