Туркије во 2022 година стана дипломатски центар на светот / Photo: AA

Република Туркије стана светски центар на дипломатијата за 2022 година со организирање трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Туркије, Русија и Украина, како и со разговорите за Црноморската иницијатива за жито, разговорите за размена на затвореници меѓу Русија и Украина, Дипломатскиот форум во Анталија (АДФ) и Конференцијата за посредување во Истанбул.

Заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Венди Шерман, на 5 март престојуваше во дводневна посета на Истанбул и Анкара, каде со својот турски колега Седат Онал и други турски претставници разговараше за билатералните односи, регионалниот развој и војната на Русија против Украина.

Израелскиот претседател Исак Херцог од 9 март беше во дводневна посета на Анкара и се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Посетата се смета за чекор кон подобрување на односите меѓу двете земји.

Во настојувањето да запре војната во Украина да се постигне траен мир, Туркије на 10 март свика трилатерален состанок на министрите за надворешни работи на кој првпат се состанаа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба. Тој важен состанок одржан е на маргините на годишниот Дипломатски форум во Анталија.

Во текот на состанокот, кој го следеа близу 400 домашни и странски новинари, Туркије ја истакна потребата за хуманитарните коридори да бидат отворени.

Истиот ден одржана е и осмата Истанбулска конференција за медиуми на која учествуваа високи претставници на меѓународните организации, меѓу кои и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш.

Уште еден значаен состанок на 10 март беше помеѓу турскиот претседател Ердоган и претставниците на Азербејџан Илхам Алиев. Во текот на состанокот во Анкара двајцата челници разговараа за најновата ситуација за руско-украинската војна, билатералните односи и придонесот на соработката на Туркије и Азербејџан на европската енергетска безбедност.

Дипломатскиот форум во Анталија (АДФ) одржан е од 11 до 13 март под темата „Рекодирање на дипломатијата“.

Со учество на вкупно 75 држави, на форумот учествуваа најмалку 17 шефови на држави и влади, 80 министри и 39 високи претставници на меѓународните организации.

По воведните зборови, турскиот претседател Ердоган одржа 11 билатерални средби, а турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во тој период во Анталија оствари 67 билатерални средби.

Ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан исто така присуствуваше на АДФ и се состана со министерот Чавушоглу. Двајцата министри ги истакнаа своите позиции за продолжување на преговорите за нормализација, со цел целосно нормализирање на односите и воспоставување добрососедски односи меѓу Туркије и Ерменија.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на 13 март во Истанбул се сретна со претседателот Ердоган, при што беше нагласено зајакнувањето на соработката и фокусирањето на позитивната агенда.

На 25 ноември турскиот претседател Ердоган се сретна со генералниот секретар на ОН Гутереш, а средбата се одржа непосредно пред посетата на Гутереш на Москва.

Понатаму, турско-африканскиот медиумски самит беше организиран на 25 мај во организација на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Туркије. На настанот присуствуваа најмалку 80 претставници на медиуми, дипломати, интелектуалци, претставници на приватниот сектор и невладини организации од Туркије и 45 африкански земји.

Туркије, ОН, Русија и Украина, потпишаа на 22 јули глобално важен договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински црноморски пристаништа, кој беше прекинат поради војната. Неколку дена пред планираното истекување, договорот за жито продолжен е за додатни 120 дена, почнувајќи од 19 ноември.

Многу држави и меѓународни организации го поздравија тој дипломатски успех на Туркије и ОН, со кој преку црноморскиот коридор за жито со 556 бродови превезени се повеќе од 14 милиони тони жито.

Освен тоа, Туркије посредуваше во важна размена на воените заробеници помеѓу Украина и Русија. Таквата размена извршена е на иницијатива на претседателот Ердоган во септември.

Од 6 до 12 август одржана е 13 Конференција на амбасадори под називот „Мудра и сочувствителна турска дипломатија во 2023 година и подоцна“, во текот на која турските амбасадори разменија мислења за регионални и глобални прашања тесно поврзани со турската надворешна политика.

Меѓу присутните беа и странски гости, вклучувајќи ја генералната секретарка на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) Хелга Шмит, министерот за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов и министерот за надворешни работи на Гватемала Марио Адолфo Букарo Флорес.

На 17 октомври во Истанбул се одржа вонреден состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Организацијата на туркиските држави, на кој покрај приоритетните прашања на агендата, се разговараше и за подготовките за идниот самит на Организацијата на туркиските држави.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг од 3 до 5 ноември беше во посета на Туркије, а беше примен од турскиот претседател Ердоган. Тој, исто така, се состана со министерот за надворешни работи Чавушоглу и министерот за одбрана Хулуси Акар, каде што се заблагодари за напорите на Туркије да го направи повторно оперативен коридорот за црноморско жито.

ТРТ Светскиот форум 2022 (TRT World Forum) дводневен годишен настан, се одржа во Истанбул од 9 до 10 декември. Состанокот, кој годинава се одржа под тема „Мапирање на иднината: неизвесности, реалност и можности“, собра интелектуалци, новинари, политичари и членови на граѓанското општество од целиот свет.

На форумот присуствува околу 100 говорници и повеќе од 1.000 учесници од околу 40 држави присуствуваа на форумот, во кој украинскиот претседател Владимир Зеленски учествуваше виртуелно преку видео-врска.

Зеленски изрази благодарност до Туркије и нејзиниот претседател Ердоган на помошта во размената на затвореници помеѓу Украина и Русија.

AA
Популарни