Туркије започна нова антитерористичка операција на југоисток / Photo: AA


Турските безбедносни сили започнаа уште една антитерористичка операција во југоисточниот дел на земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи на Република Туркије.

Операцијата наречена „Ерен Аблука есен зима-19 (Ширнак-Бестлер Дерелер) загинат наредник на жандармеријата Серкан Унсал-1“, започна во областа Ширнак со 470 припадници на безбедносните сили.

На првиот ден од операцијата беа пронајдени две пештери и 10 засолништа при претресот на земјиштето извршен во руралното подрачје на областа Бестлер-Дерелер.

При претресите запленети се импровизирана експлозивна направа на далечински управувач, две туби, два килограми храна и поголема количина на материјали и облека. Тие, заедно со засолништата, се уништени.

Туркије ги покрена операциите Ерен минатата година, именувајќи ги по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката група ПКК на 11 август 2017 година.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

TRT Balkan / агенции
Популарни