Турската влада побара Ф-16 и комплети за модернизација во октомври 2021 година     Фото: Ројтерс

Турска делегација отпатува во Соединетите Американски Држави (САД) на разговори за продажба на авиони Ф-16 на Турција.

Турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар претходно најави дека тимот ќе ја одржи третата рунда билатерални технички разговори по ветувањето на американскиот претседател Џо Бајден за испорака на борбени авиони Ф-16 на Турција.

По состанокот на маргините на самитот на НАТО кон крајот на јуни со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Бајден на прес-конференција рече: „Треба да и ги продадеме Ф-16 на Турција. Тоа го реков во декември и мојата позиција оттогаш не е променета. Не е во наш интерес да не ги продаваме. Ни треба одобрение од Конгресот за да стигнеме таму и мислам дека ќе се случи“.

Турската влада побара Ф-16 и комплети за модернизација во октомври 2021 година.

Договорот вреден шест милијарди долари бил вклучувал продажба на 40 авиони Ф-16 и комплети за модернизација за 79 воени авиони кои турските воздухопловни сили ги имаат во својата флота.

Пречка во планот на Бајден

Сепак, во јули, Претставничкиот дом на САД одобри закон што ќе создаде нова пречка за планот на Бајден да продаде борбени авиони Ф-16 на Турција.

Амандманот што го предложи пратеникот од Њу Џерси, Френк Палоне, беше усвоен со 244 гласови „за“ наспроти 179 гласа „против“, со силна поддршка од демократите и 60 од републиканците.

Амандманот забранува продажба или трансфер на Ф-16 и комплети за модернизација на Анкара, освен ако Бајден не потврди дека трансферот е во согласност на американските национални интереси и му гарантира на Конгресот дека во 120 дена пред трансферот, турската влада „не го нарушила суверенитетот на Грција, вклучително и преку територијални прелети“.

Туркије, од своја страна, јасно стави до знаење дека условите поврзани со Грција не се „обврзувачки“ и се надева дека САД нема да паднат на „играта“ на пратениците.

TRT World
Популарни