Турската Црвена полумесечина отвори нова канцеларија за делегација во сирискиот главен град Дамаск, одбележувајќи ја својата втора мисија во странство.
Канцеларијата беше отворена денеска, во седиштето на сириската арапска Црвена полумесечина (САРЦ) за време на церемонијата на која присуствуваа претседателката на турската Црвена полумесечина Фатма Мерич Јилмаз, претседателот на сириската Црвена полумесечина Мохамед Хазем и директорот на турската Црвена полумесечина за меѓународни односи и миграциски служби Алпер Ќучук, заедно со со други официјални лица.
По церемонијата на сечењето на лентата и потпишувањето на протоколот, официјално беше воспоставена канцеларијата на турската делегација во зградата на сириската Црвена полумесечина.
По настанот беа поделени пакети со помош на оние кои имаат потреба. Јилмаз и Хазем подоцна отпатуваа во населбата Барзех во Дамаск за да достават помош до погодените жители.
Во знак на сеќавање, Јилмаз му врачи на Хазем плакета, честитајќи му за неговото неодамнешно назначување за претседател на сириската Црвена полумесечина.
Таа изрази задоволство од нивната континуирана соработка, нагласувајќи ја нивната претходна работа на хуманитарните напори во Идлиб.
Оваа канцеларија на делегацијата ќе и помогне подобро да ги проценат потребите и да ги координираат услугите во регионот, истакна Јилмаз.
„Црвената полумесечина на секоја земја, работејќи со другите во својата земја, добива значителна сила во областа на хуманитарната помош“.
Таа ја нагласи важноста на партнерството, додавајќи:
„Како лидери на двете Црвени полумесечина, ние сме посветени да работиме заедно за да ги забрзаме напорите за закрепнување и да ја унапредиме хуманитарната помош“.
Башар ал Асад, водачот на сирискиот режим речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.
Преземањето дојде откако сириските опозициски сили ги зазедоа клучните градови во молскавична офанзива што траеше помалку од две недели.