Беспилотните летала ТВ2 се веќе докажани во борбени дејствија     Фото: АА

Турската компанија Бајкар која е производител на познатите беспилотни летала ТБ2 ќе донира летала на Украина. Иако со помош на кампањата за групно финансирање во Украина беа собрани финансиски средства, сепак компанијата одлучи да донира неколку нејзини беспилотни летала кои се докажано ефикасни во борбени дејствија.

„Бајкар нема да прифати плаќање за ТБ2, и ќе испрати три бесплатни летала на украинскиот воен фронт. Собраните средства ќе бидат наменети за борбениот народ на Украина. Компанијата ја цени солидарноста и решителноста. Бајкар се моли за праведно решение и траен мир “, се вели во соопштението кое го објави компанијата.

Ова не е прв случај на донација на дронови од типот TБ2 од Бајкар за Украина. Претходно Литванија преку акција за групно финансирање обезбеди средства за набавка на беспилотни летала за Украина. Но компанијата ги донираше средствата за помош на луѓето во Украина.

Овие беспилотни летала познати по прецизните напади, економичноста и способноста да избегнуваат радари, беа користени на боиштата во Сирија, Северен Иран, Либија, Нагорно Карабах и Украина. Тие предизвикаа голема штета на непријателските копнени единици, артилерија и системи за воздушна одбрана.




AA
Популарни