Акцијата во која се уапсени лицата е наречена "Кафез 30" / Photo: AA

Турските власти во Истанбул денеска уапсија десет осомничени барани од Интерпол под обвинение за организиран криминал, објави министерот за внатрешни работи на Туркије Али Јерликаја.

“Во акцијата „КАФЕЗ-30“ во Истанбул се уапсени 10 лица барани од шест земји, по кои се распишани црвени потерници од Интерпол“, објави Јерликаја на социјалната мрежа Икс.

Ветувајќи дека ќе ја продолжи борбата против меѓународниот организиран криминал и шверцерите на дрога, Јерликаја рече дека уапсените ги бараат Иран, Јужна Кореја, Сирија, Кина, Узбекистан и Швајцарија.

Тој додаде дека акцијата ја воделе полициските сили задолжени за спречување на криумчарење мигранти, а обвиненијата против уапсените се движат од измама, перење пари и коцкање до криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

TRT Balkan / агенции
Популарни