Турската Национална разузнавачка служба (МИТ) неутрализира висок терорист на ПКК во северен Ирак, близу турската граница, соопштија безбедносни извори.
МИТ го неутрализира Џелал Бирдал со кодно име „Сидар Серхат“ во операција во регионот Гара, соопштија изворите кои сакаа да останат анонимни.
Бирдал, кој е еден од таканаречените одговорни за медиумите и за архивот, дејствувал во рамките на терористичката организација за време на неговото студирање за инженер.
Терористот, кој насочувал членови на организацијата за терористички дејствија во Туркије, исто така е извршител на бројни напади врз безбедносните сили во регионите Зап и Хакурк.
Терористите на ПКК се кријат преку турската граница, во северен Ирак, за да планираат напади.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.