Туркије денеска ја повика меѓународната заедница веднаш да ги запре израелските злосторства за да се постигне мир во регионот.
Активностите на Израел мора веднаш да се прекинат за да се спречи ескалацијата на насилството низ регионот“, се вели во официјалното соопштение објавено по состанокот на турскиот совет за национална безбедност.
Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.
Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 39.200 Палестинци, главно жени и деца, а над 90.400 се повредени.
Повеќе од девет месеци по израелскиот напад, огромни делови од Газа се во урнатини со блокада на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од 1 милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападната на 6 мај.
Турскиот совет за национална безбедност, исто така е со став дека чистењето на сириските територии од сепаратистички тероризам, мислејќи на активностите на терористичката група ПКК/ЈПГ првенствено ќе ги обезбеди интересите и опстанокот на Сирија,.
Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК која е на листата на терористички организации според Туркије, САД и ЕУ е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Кипар, Украина, односи со африканските земји
Советот, исто така, го потврди решението со две држави за Кипар, залагајќи се за суверена еднаквост за кипарските Турци и меѓународно признавање на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).
„Мировната операција на Туркије на Кипар обезбедува 50 години мир и безбедност на островот, потврдувајќи ја неговата легитимност“, соопшти Советот за национална безбедност.
Островот Кипар е заглавен во повеќедецениски спор меѓу кипарските Грци и кипарските Турци, и покрај низата дипломатски напори за постигнување сеопфатно решение.
Етничките напади кои започнаа во раните 1960-ти ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклавите заради нивна безбедност.
Во 1974 година, државен удар на кипарските Грци чија цел беше грчката анексија на островот доведе до воена интервенција на Туркије како гарант за заштита на кипарските Турци од прогон и насилство. Како резултат на тоа, ТРСК е основана во 1983 година. Администрацијата на кипарските Грци беше примена во ЕУ во 2004 година, истата година кога кипарските Грци го спречија планот на ОН за ставање крај на долгогодишниот спор.
„Туркије ќе му даде приоритет на дијалогот во егејските и медитеранските региони и нема да дозволи да се искористи нејзиниот конструктивен пристап“, истакнуваат од турскиот совет за национална безбедност
Исто така, Советот на повеќе мултилатерални напори за праведен и траен мир во Украина, нагласувајќи ја потребата да се спречи понатамошна ескалација или ширење на конфликтот.
На средбата беа оценети и односите развиени со долгорочен пристап меѓу Туркије и африканските земји, особено Сомалија, Либија, Судан и Нигер.