Турски воен авион со осум тони лекови и медицински материјали наменети за Појасот Газа, денес полета од централната турска област Кајсери кон египетскиот Аеродром „Ел-Ариш“ на Синајскиот Полуостров, јавува Анадолу.
Во авионот што полета од Аеродромот „Кајсери“ во 8:00 часот по локално време има и група од девет здравствени работници.
Медицинскиот тим ќе обезбеди лекување на повредените во соработка со египетското Министерство за здравство.
Досега Туркије има испратено 11 авиони со 700 тони хуманитарна помош и медицински материјали, брод, осум теренски болници и 20 амбулантни возила до Аеродромот „Ел Ариш“ во Египет, за Газа.
AA