Турскиот јавен емитер ТРТ официјално ја покрена својата меѓународна платформа за дигитално емитување – Tabii (Табии).
„Овој проект дополнително придонесува на гордоста и честа на голема и моќна Туркије“, рече турскиот директор за комуникации Фахретин Алтун на церемонијата на покренување на платформата во Истанбул во вторникот.
Алтун, исто така, рече дека Туркије не е само земја што користи услуги, туку е и земја која се бави со производство во глобалната арена. Истакнувајќи ја важноста на новата услуга, Алтун рече дека платформата ќе го зајакне брендот Туркије.
Табии, кој ќе ги раскажува приказните што нѐ обединуваат на пет различни јазици и во 25 земји, „има јасен пат и голема публика“, напиша турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер, додавајќи дека услугата ќе дојде со бесплатна пробна верзија во Туркије. Табии ќе почне со емитување на 7 мај и ќе биде достапна во речиси 20 земји до крајот на 2023 година.
Богатиот избор на ТРТ речиси во потполност ќе го зазеде просторот на оваа платформа, која во почетокот ќе прикажува популарни ТВ серии и широка лепеза филмови од изминатите 10 години. Веќе е завршено лиценцирањето на филмовите од разни земји.
ТРТ исто така покренува 33 нови оригинални серии. На отворањето гледачите ќе имаат можност да погледнат 15 оригинални остварувања, вклучувајќи ја научнофантастичната серија „Алтај“, историската серија „Мевлана Џалалудин Руми“, приказната за турските шпиони „Организација - Посебен оддел“, комедијата на Селчук Ајдемир „Организација - Ова е наша работа“, и домашната верзија на филмот за пилотите „Хур“.