Турскиот автомобил Тогг успешно помина 41 тест пред масовното производство / Photo: AA

Турскиот атомобил Тогг успешно помина десетици тестови пред двчера и официјално да излезе на улиците.

Првиот турски електричен автомобил Тогг излезе на патиштата по свечената испорака на претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган.

„Од денес почнуваме да го гледаме на улиците“, рече Ердоган примајќи го првот модел на Тогг, T10X, на свеченоста во комплексот во Претседателската палата.

Ердоган рече дека Тогг достигна сегашно ниво како симбол на технолошки напредок, економски развој и глобалната репутација на Туркије. Тој додаде дека овој револуционерен автомобил ќе ги краси улиците на Туркије, но и на целиот свет.

Процесот на сертификација на возилото го заврши Турскиот институт за стандарди на проверки на усогласеноста на производството.

Како што е соопштено од Министерството за индустрија и технологија, извршени се десетици тестови на автомобилот Тогг.

Турскиот електричен автомобил успешно помина вкупно 41 технички тест и контроли како што се тестови за безбедност на батеријата и возилото на електричните возила, тестови за електромагнетна компатибилност, опсег на возилото, кочење, фронтален и страничен судир, заштита на пешаци и способност за маневрирање.

Откако ги помина сите тестови во рамките на хармонизираното законодвство на ЕУ во областа на автомобилската индустрија, Тогг постигна значителен успех положувајќи го „тестот за сигурност на електричните возила“, еден од најважните тестови за електричните возила.

Турскиот министер за индустрија и технологии Мустафа Варанк изјави дека Тогг е повеќе од автомобил.

„Многу добро ќе се натпреварува со конкурентите на пазарот. Не создава бучава, не и штети на околината, но истовремено е и силен, многу удобен, но и технолошки опремен“, рече тој.

Цената на стандардниот модел T10X се движи од 953.000 турски лири (околу 50.200 американски долари) до 1.055.000 лири (околу 55.600 американски долари), додека цената на моделот „long-range“ изнесува 1.215.000 лири (околу 64.000 американски долари).

Со двете различни опции на батерии за моделот T10X со снага од 160 kW (218 коњски сили) со погон на задните тркала, клиентите можат да бираат меѓу возила со максимален опсег од 314 или 523 километри.

Првата верзија на T10X може да забрза од 0 до 100 km/h за 7,6 секунди, додека втората верзија, чија испорака ќе започне на 29 октомври, може да забрза од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди.

Втората верзија има погон на сите тркала, со моќност од 320 kW (435 коњски сили).

Батериите за возилото „Тогг T10X“ можат да се наполнат од 20 % на 80 % за помалку од 28 минути на станиците за брзо полнење. Купувачите можат да бираат и меѓу шест различни бои за ова модерно електрично возило.

TRT Balkan / агенции
Популарни