Турскиот министер за надворешни работи, Фидан, во посета на Унгарија / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, престојува во еднодневна посета на главниот град на Унгарија, Будимпешта, на покана на неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

Пред средбата со Сијарто, Фидан ги посети гробиштата на загинатите турски војници во Првата светска војна на Галицискиот фронт.

Потпишувајќи се во посебната книга за загинатите, Фидан напиша: „Како дел од мојата прва билатерална посета на Унгарија, чест ми е што сум во посета на [почивалиштата на] нашите загинати борци на Галицискиот фронт. Денес се навршуваат 109 години од почетокот на Првата светска војна.“

Потоа Фидан го посети претставништвото на Организацијата на туркиски држави во Будимпешта и се обрати пред Академијата за дипломатија на унгарското Министерство за надворешни работи и трговија.

Подоцна во текот на денот Фидан и Сијарто ќе разговараат за билатералните односи и процесот на членство на Туркије во Европската Унија, како и за актуелните регионални и меѓународни случувања.

TRT Balkan / агенции
Популарни