Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе го посети Ирак пред крајот на април, изјави денеска во Багдад турскиот заменик министер за надворешни работи Ахмет Јилдиз.
„Посетата ќе биде пред крајот на април според планираното и подготовките. Последната посета на Ердоган на Багдад се случи во 2012 година, кога тој беше премиер “, рече Јилдиз.
Турскиот заменик – министер за надворешни работи е во посета на Ирак и ќе има средби со претставници на ирачкото Министерство за надворешни работи.
„Ќе направиме подготовки за министерскиот состанок што ќе се одржи во иднина и посетата на нашиот претседател“, рече Јилдиз.
Осврнувајќи се на Проектот за развој на патишта, тој рече дека коридорите и развојните патеки се основните елементи на развојот.
„Овие патишта обезбедуваат поврзување, внесуваат виталност во економијата и обезбедуваат доверба меѓу земјите. Двете земји имаат голема желба и мислиме дека ако тоа се направи, ќе донесе придобивки што не може да се споредат со трошоците“, изјави Јилдиз.