Ердоган посочил дека треба да се изврши притисок врз Израел за да ги прекине нападите / Фото: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа разговараа за нападите на Израел врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

Ердоган во разговорот со Шолц му посочил дека треба да се изврши притисок врз Израел за да ги прекине нападите врз Газа, додавајќи дека не треба да се пропушти можноста за прекин на огнот, соопшти Директоратот за комуникации на Туркије.

Претседателот на Туркије истакнал и дека е важно да се зголемат напорите за да се спречи проширувањето на конфликтите во регионот.

Ердоган и Шолц разменија мислења и за билатералните односи и руско-украинската војна за време на состанокот зад затворени врати што се одржа на маргините на Самитот на лидерите на НАТО во Вашингтон.

Ердоган му рече на Шолц дека се очекува поддршка од Германија за ревитализација на процесот за членство на Туркије во Европската Унија.

Популарни