Ердоган потсети на политичките и хуманитарните закани кои ја опкружуваат Туркије

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека наскоро ќе објави различни проекти кои дополнително ќе ја зголемат силата на турската армија на копно, воздух и море.

„Ние сме во фаза во која нашите проекти од одбранбената индустрија, што ги спроведуваме внимателно и одлучно, ја дополнуваат нашата политичка и економска сила“, рече Ердоган на ифтарската вечера со бригадата на хуманитарната помош на турската војска во Анкара.

Ердоган рече дека турската војска со своите успеси пишува историја „од безбедноста на границите до борбата против тероризмот, од меѓународни мисии до активности на хуманитарната помош“ и дека тие ги обновуваат подрачјата погодени од земјотресот во согласност со реалноста во регионот.

На 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 области - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.

„Обезбедивме 3,3 милиони семејства со безбедни и мирни домови со нашите проекти за урбана трансформација и уште 1,2 милиони семејства со куќите на ТОКИ (администрација за развој на домување во земјата). Во исто време ги реновираме нашите јавни згради на планиран начин“, додаде претседателот.

Ердоган понатаму потсети на политичките и хуманитарните закани околу Туркије, додавајќи дека „политичките кризи, конфликти, војни, тензии“ никогаш не отсуствуваат и директно влијаат на регионот во кој се наоѓа Туркије.

TRT Balkan / агенции
Популарни