Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со Абдуселам и Хамам Ханије, синовите на шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, кој е убиен минатиот месец во главниот ирански град Техеран.
Во текот на состанокот Ердоган им изрази сочувство на синовите на Ханије поради смртта на нивниот татко.
Присутни беа и шефот на турската разузнавачка агенција Ибрахим Калин и главниот советник на претседателот Сефер Туран. Исмаил Ханије е убиен на 31 јули во иранската престолнина Техеран.
Иран и палестинската група Хамас го обвинија Израел, кој ниту потврди ниту негираше одговорност.
TRT Balkan / агенции