Турскиот претседател Ердоган во посета на Азербејџан / Photo: AA

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев со официјална церемонија во Баку го пречека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган допатува во Азербејџан по посетата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), како дел од неговата прва странска турнеја по реизборот на 28 мај.

Лидерите ќе разговараат за чекорите за понатамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу Туркије и Азербејџан и ќе разменат мислења за регионалните и меѓународните случувања.

По средбата двајцата претседатели ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Пред средбата, Ердоган ги посети гробот на поранешниот азербејџански претседател Хајдар Алиев и гробиштата на турските и азербејџанските херои.

Подоцна се очекува Ердоган да го посети и воздухопловниот команден центар на азербејџанското Министерство за одбрана.

TRT Balkan / агенции
Популарни