Ердоган го пофали како вреден ставот на шпанската влада против нелегитимните напади на Израел врз Палестинците / Photo: AA Archive

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шпанскиот премиер Педро Санчез разговараа за нападите на Израел врз Палестина и опколената Газа кои започнаа на 7 октомври и траат повеќе од 40 дена.

Според Директоратот за комуникации на Туркије во денешниот телефонски разговор, Ердоган и Санчез, исто така, размениле мислења за чекорите кои ќе помогнат да се обезбеди непречена хуманитарна помош за палестинската Газа и напорите за траен прекин на огнот.

Ердоган го пофали како вреден ставот на шпанската влада против нелегитимните напади на Израел врз Палестинците и нејзините изјави во корист на признавањето на Палестина.

Ердоган му рекол на Санчез дека Туркије е подготвена да преземе секакви одговорности, вклучително и како гарант, за да обезбеди постојан мир во регионот и да работи заедно со Шпанија за регионален мир.

Ердоган и другите турски функционери го критикуваа општиот молк на западните земји во врска со немилосрдните израелски напади врз Газа, но ја пофалија Шпанија дека ја критикува израелската офанзива, која однесе животи на 14.854 Палестинци, меѓу кои 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени.

Официјалниот израелски биланс на загинати од нападот на Хамас на 7 октомври изнесува 1.200.

TRT Balkan / агенции
Популарни