Турските безбедносни сили годинава неутрализираа речиси 1.000 терористи / Photo: AA

Туркије неутрализира вкупно 995 терористи на ПКК/ЈПГ од 1 јануари, вклучително и оние што се кријат преку границата во Ирак и Северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана.

„Педесет и тројца терористи се неутрализирани во последната недела, вклучително и оние во Ирак и Северна Сирија, со стратегијата за елиминирање на тероризмот од неговиот извор, која ние решително ја спроведуваме“, изјави претставник на Министерството за одбрана за новинарите на брифинг во главниот град Анкара.

„Вкупниот број терористи неутрализирани во текот на годината сега достигна 995“, додаде тој.

Неговите изјави следуваа еден ден откако петмина турски војници загинаа во провокациски оган на терористичката организација во Северен Ирак, каде што Туркије, минатата година во април, ја започна операцијата „Канџа-катанец“ за неутрализирање на терористите што се кријат во пограничниот регион.

Официјалниот претставник на Министерството рече: „Досега се неутрализирани 586 терористи во операцијата 'Канџа-катанец' во Северен Ирак.“

Во Сирија се преземени сите неопходни мерки за одржување на безбедноста и стабилноста во областите на операцијата, а на терористичките напади се одговара на ист начин.

„Од овој јануари, 86 инциденти и напади се извршени од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ во оперативните области на Туркије, а 744 терористи се 'неутрализирани' со итна интервенција на турските војници“, додаде тој.

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучително жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

Во врска со илегалните премини во Туркије, официјалниот претставник рече дека благодарение на дополнителните ефективни мерки, околу 4.752 лица, вклучително и 356 терористи, кои се обиделе илегално да ги преминат границите на Туркије, биле фатени од 1 јануари. Речиси 134.935 биле спречени пред да ја преминат границата.

Туркије е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти што сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.

Земјата, која веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било друга земја во светот презема нови мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.

TRT Balkan / агенции
Популарни