Турскиот брод „Азов конкорд“ e првиот странски брод кој го напушти украинското пристаниште Мариупол, кое е под контрола на руската војска и сепаратистите, само неколку часови по завршување на вториот состанок меѓу воените делегации на Туркије и Русија. Туркије прави напори да обезбеди безбеден коридор за житото од Украина, но засега само турскиот брод за сув товар, кој чекаше со денови, го напушти украинското пристаниште.
Воените делегации на Туркије и Русија се состанаа во Москва во рамките на „дипломатијата на црвената линија“ која се спроведува за слободен проток на бродовите со житарки од Украина, а состанокот се одвиваше во позитивна атмосфера и веќе даде резултати.
На вчерашниот состанок на турската и руската воена делегација за решавање на прехранбената криза и евакуација на бродовите натоварени со жито кои чекаат на украинските пристаништа, „постигнато е разбирање на состанокот помеѓу делегациите на Туркије, Русија, Украина и Обединетите нации за решавање на проблемот“.
„Дипломатијата на црвена линија“ помеѓу Туркије, Украина и Русија почна да дава позитивни резултати по дипломатските иницијативи кои Туркије ги покрена за решавање на кризата со храна, која произлезе од руско-украинската војна и разговорите на министрите за национална одбрана Хулуси Акар и неговите колеги од Русија и Украина.
Во врска со тоа, воената делегација на Министерството за национална одбрана на Туркије, вчера отпатува во Русија за да разговара за прашањата како што се решавање на кризата со храна, и безбедно преминување на авионите од аеродромот Бориспол во Туркије, кои им припаѓаат на турските вооружени сили.
Се дознава дека состаноците на воените делегации, на чело со турските и руските генерали, во Москва поминаа во „многу конструктивна и позитивна атмосфера“.
Во тој контекст наведено е дека по состанокот со Украина и ОН во наредните недели се очекува квадрилатерален состанок Туркије-Русија-Украина-ОН.