Поддржувачите на терористичката организација ПКК/ЈПГ продолжуваат со провокации во Шведска / Photo: AA

Турските обвинители отворија истрага за криминалната провокација на поддржувачите на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Шведска насочена против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Овој потег следуваше откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе кривична пријава до обвинителите во главниот град Анкара поради провокацијата.

„Поднесена е кривична пријава до Главното јавно обвинителство на Анкара со барање за започнување истрага за сторителите на кривичните дела против нашиот претседател“, објави на Твитер адвокатот на Ердоган, Хусеин Ајдин.

По притисокот Шведска да преземе посилна акција против терористичките организации насочени кон турската јавност и нејзините лидери, вчера (четврток) се одржа протест во главниот град Стокхолм кој претставуваше провокација и криминална закана.

Поддржувачите на терористичката организација ПКК/ЈПГ, собрани пред зградата на Градското собрание во главниот град Стокхолм, закачија кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на столб пред зградата и видеото го споделија на социјалните мрежи.

Во видеото, кое се споделува на профили поврзани со терористичката организација ПКК/ЈПГ, може да се видат закани упатени кон Туркије и Ердоган.

Поради инцидентот, во турското Министерство за надворешни работи е повикан шведскиот амбасадор во Анкара, Стафан Херстром.

Во ноември минатата година, приврзаниците на терористичката организација ПКК/ЈПГ организираа проекција на визуелни содржини со навреди кон Ердоган на зградата на Турската амбасада во Стокхолм.

Финска и Шведска официјално поднесоа барање за членство во НАТО минатиот мај, напуштајќи го повеќедецениското воено неврзување, одлука поттикната од руската војна против Украина.

Туркије, како важна членка на НАТО, изрази приговори, обвинувајќи ги двете нордиски земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички организации.

Во јуни, Туркије, Шведска и Финска потпишаа Меморандум на Самитот на НАТО за решавање на легитимните безбедносни грижи на Анкара, отворајќи го патот за членство на Шведска и Финска во НАТО.

Турските власти наведуваат дека Шведска допрва треба да ги исполни своите ветувања.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која од САД, ЕУ и Туркије е ставена на листата на терористички организации, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

AA
Популарни