Турските сили неутрализираа 5 терористи / Photo: AA

Безбедносните сили во источна Туркије неутрализираа пет терористи, вклучително и еден од најбараната црвена категорија, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликаја.

„Пет терористи се неутрализирани во руралните области на Догубајазит во областа Агри, и во селото Паламут во Хасанкејф во областа Батман, во операциите „БОЗДОГАН-43“, соопшти Јерликаја преку платформата Х.

Еден од петмината неутрализирани во операциите е терористот по име Јилмаз Онер, истакна Јерликаја.

Онер, познат и по неговото кодно име „Шехмус Малазгирт“, беше во црвената категорија на барани на Министерството за внатрешни работи. Листата на барани е поделена во пет категории, во црвената се категоризирани најбараните, а потоа следат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.

Тројца од неутрализираните терористи беа во портокаловата категорија на барани.

Јерликаја рече дека Онер учествувал во вкупно 18 терористички напади во кои загинаа 27 припадници на безбедносните сили и четворица цивили, додека 68 припадници на безбедносните сили и двајца цивили беа повредени.

Утврдено е и дека Онер дал наредба да за тие терористички напади, додаде министерот.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

AA
Популарни