Многу универзитети во Туркије се изјаснија против непропорционална употреба на сила од страна на полицијата против студентите од САД кои протестираат во знак на солидарност со палестинската Газа.
Универзитетите во Туркије упатија изјави за поддршка на студентските протести - кои започнаа пред неколку дена на Универзитетот Колумбија во САД и се проширија насекаде низ државата и остро го осудија полициското насилство врз студентите.
„Повеќе од шест месеци се применува насилство врз студенти кои мирно протестираат против злосторствата насочени кон уништување на невините луѓе кои живеат во Газа“, се вели во заедничкита изјава на 26 универзитети.
„Непропорционалниот одговор на мирните протести на студентите го препознаваме како удар врз основните човекови права и академските слободи и длабоко жалиме и силно го осудуваме“, се нагласува во изјавата.
Од Универзитетот Колумбија до Јеил, од Универзитетот во Њујорк до Харвард, демонстрантите бараат нивните универзитети да ги поддржат повиците за прекин на огнот во Газа и да ги прекинат врските со компаниите поврзани со Израел.
Во војната на Израел против опколената Газа загинаа најмалку 34.000 Палестинци - 70 отсто од нив се бебиња, деца и жени, а ранети се над 77.000 луѓе.