Туркије склучи нови договори по најголемиот договор за извоз на одбраната и воздухопловството во историјата на земјата, потпишан од турскиот производител на беспилотни летала (UAV) Бајкар со Саудиска Арабија.
Успехот во извозот постигнат со автохтоните дронови на турската одбранбена индустрија носи нови можности.
Бајкар неодамна потпиша договор за извоз и соработка со Министерството за одбрана на Саудиска Арабија за беспилотното борбено летало (UCAV) Бајрактар Акинџи. Договорот е забележан како најголем договор за извоз на одбраната и воздухопловство во историјата на Туркије.
Според информациите до кои дојде Анадолу, по постигнатата спогодба во Ријад се одржа церемонија на потпишување на Договорот за автохтоно производството на UAV, чиј домаќин беше Министерството за одбрана на Саудиска Арабија.
За време на церемонијата, турските одбранбени фирми Бајкар, Аселсан и Рокетсан потпишаа нови договори со саудиски компании.
Бајкар потпишаа меморандуми за разбирање со државната Воена Индустрија на Саудиска Арабија (SAMI) за локално производство и трансфер на технологија, додека Аселсан и Рокетсан потпишаа меморандуми за разбирање со Саудиската национална компанија за механички системи.
Договорите ги потпишаа извршниот директор на Бајкар, Халук Бајрактар, извршниот директор на Аселсан, Ахмет Акјол и генералниот директор на Рокетсан, Мурат Икинџи на церемонијата на која присуствуваше Халук Горгун, претседател на Турската агенција за одбранбена индустрија.
Обврзувајќи се во име на Бајкар дека ќе соработува на најефикасен начин за непречено спроведување на проектот и обезбедување на постпродажни услуги, Бајрактар рече дека тие исто така ги координираат неопходните чекори со саудиските институции, регулатори и локалната индустрија.
Во својот говор на церемонијата, Бајрактар рече дека се заедно за да го прослават возбудливиот момент и да бидат сведоци на новото поглавје што ја зајакнува соработката меѓу двете земји.
Нагласувајќи дека земјите кои имплементираат нови технологии не само што добиваат предности, туку и градат посилни врски со своите сојузници, тој рече: „Споделивме и ќе продолжиме да споделуваме иновативни технологии, вклучувајќи го и Бајрактар Акинџи. Развојот на високотехнолошка платформа како што е Бајрактар Акинџи е несомнено непроценлив“.
Тој додаде дека Бајрактар Акинџи не е обично оружје или авион, туку паметен летечки робот опремен со десетици компјутери, десетици илјади линии кодови и вештачка интелигенција.
Истакнувајќи дека овој проект не е само деловна можност за Бајкар, туку и столб на ветувачки можности во согласност со интересите на земјата, Бајрактар рече дека се подготвени за продолжување на проектот.
„Бајкар е свесен за големината на проектот и ги мобилизира сите свои способности за да обезбеди успешна приказна која навестува многугодишна стратешка соработка“, рече тој, додавајќи дека тие имаат за цел да обезбедат саудиските крајни корисници да се запознаени со концептот на Бајрактар Акинџи и дека целата флота Бајрактар се користи ефективно, со повеќе можности кои треба да бидат пренесени.